Македонија Мајка и бебе починаа во медицинскиот центар во Гевгелија

Мајка и бебе починаа во медицинскиот центар во Гевгелија

Ноќеска, околу 23 часот, на гинеколошкото одделение во гевгелиската болница починале мајка и бебе.

Родилката имала 32 години и се породувала со царски рез. Породувањето го вршеле двајца гинеколози, анестезиолог и помошен персонал.

Веста ја потврди директорот на болницата во Гевгелија, Сретко Јованов.

Тој рече дека веднаш била повикана полицијата, која извршила увид заедно со јавен обвинител од Велес. По налог на обвинителот, телата на мајката и на бебето се дадени на обдукција во Скопје.