Македонија Маглата го отежнува одвивањето на сообраќајот

Маглата го отежнува одвивањето на сообраќајот

Сообраќајот по патиштата, но и авиосообраќајот се одвиваат отежнато поради густата магла утринава.

Од АМСМ информираат дека на повеќе патни правци низ земјава, видливоста е намалена.

Отежнато се одвива и авиосообраќајот, па дел од летовите се откажани, а дел пренасочени кон аеродромите во Охрид и во Софија.