Македонија Магла по котлините, попладне дожд

Магла по котлините, попладне дожд

Во Македонија денеска претпладне по котлините ќе има појава на магла, а во попладневните часови, најпрвин во западните делови ќе има зголемување на облачноста со врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират и во другите делови од земјата. На планините во северозападните делови врнежите ќе поминуваат во снег.

Утринската температура се движи од минус 2 до 5 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 7 до 16 степени.

Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта кон понеделник ќе го смени правецот во северен.

Утре времето ќе биде претежно облачно, студено и ветровито со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места ќе врне снег. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови. На планините и на повисоките места ќе се формира снежна покривка.

На повеќе места ќе дува засилен северен ветер и ќе предизвика опаѓање на дневната температура на воздухот, која ќе се движи во интервалот од 3 до 9 Целзиусови степени.