Македонија Магла и одрони на повеќе патни правци

Магла и одрони на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по суви коловози на пониските и наместа влажни коловози на повисоките места. Поради појава на магла, видливоста во Охрид, Струга и Македонски Брод е намалена на 50- 100 метри, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.