Култура „Магичен глас“ за најмладите

„Магичен глас“ за најмладите

Од Филхармонија нагласуваат дека концертот „Магичен глас“’ ќе донесе возбудлива музика

Во сабота во 12 часот, во Македонска опера и балет, Македонската филхармонија ќе го одржи првиот концерт од циклусот „Детски симфониски концерти“ во новата сезона.

Од филхармонија нагласуваат дека концертот „Магичен глас“’ ќе донесе возбудлива музика, но и интересна приказна, која ќе ги воведе најмладите во светот на фантазијата. Под диригентство на Ле Фи Фи, заедно со Македонската филхармонија ќе настапи младата оперска певица, сопранот Билјана Јосифов, а аниматор и овојпат ќе биде актерот Мартин Јорданоски.

Во приказната, во која најмладите ќе имаат можност да уживаат во убавата музика на Копланд, Бернштајн, Римски-Корсаков, Моцарт, Верди, Штраус и на Росини, се зборува за сонот на едно младо момче во кој тој има голема желба да стане оперски пејач. Во неговиот сон, од една музичка планета доаѓа убавата и добра вештерка, која ќе ги покаже тајните на оперското пеење.