Спорт Магдалена Стоилковска не се пласираше на ИТФ Фјучрс во Анталија

Магдалена Стоилковска не се пласираше на ИТФ Фјучрс во Анталија

Магдалена Стоилковска не успеа да ги мине квалификациите за пласман на ИТФ Фјучрс, главниот турнир што ќе се одржува во Анталија (Турција) за награден фонд од 10.000 илјади американски долари.

Македонската тенисерка, како 13. носителка во квалификациите во сингл, најпрвин беше слободна во првото коло, а потоа во второто загуби од Американката Џида Дениел со резултат 2:0, по сетови 6:2 и 6:3.

Како што е најавено, на главното натпреварување на овој турнир ќе настапи нашата тенисерка Лина Ѓорческа.