Свет Европа Магазинот „Тајм“ го прогласи Зеленски за „Личност на годината“ за 2022 година

Магазинот „Тајм“ го прогласи Зеленски за „Личност на годината“ за 2022 година

Володимир Зеленски. Фото: Собрание на РСМ

Угледниот магазин „Тајм“ денеска го прогласи украинскиот претседател Володимир Зеленски за „личност на годината“ за 2022 година, додавајќи дека тој ги инспирирал Украинците и освоил светски признанија за неговата храброст да се спротивстави на руската инвазија.

Одбивајќи да го напушти главниот град на Украина со избувнувањето на војната, поранешниот комичар и глумец ги собра своите сонародници во преносите од главниот град и патуваше низ неговата земја разурната од војна, забележува „Тајм“ при доделувањето на својата годишна титула.

Во вторникот, Зеленски ги посети украинските трупи во близина на линијата на фронтот во источна Украина.

„Успехот на Зеленски како воен водач се потпира на фактот дека храброста е заразна. Таа се рашири низ политичкото раководство на Украина во првите денови од инвазијата, бидејќи сите сфатија дека претседателот останал во главниот град на својата функција“, напиша „Тајм“ за украинскиот претседател Зеленски.