Свет Европа Луксембург го презема претседавањето со ЕУ

Луксембург го презема претседавањето со ЕУ

Од утре Луксембург го презема шестмесечното претседавање со ЕУ.  Како што е најавено, претседавањето ќе се заснова врз седум столбови.

  1. Поттикнување на порастот;
  2. Инвестиции и вработување;
  3. Продлабочување на социјалните димензии на ЕУ;
  4. Управување со миграциите;
  5. Фокус врз дигитализација на единствениот пазар;
  6. Промоција на конкурентноста и на одржливиот развој;
  7. Зајакнување на улогата на Унијата на глобална сцена.

Меѓу приоритетите за наредните шест месеци, Луксембург го нема ставено проширувањето на ЕУ, веројатно, затоа што не очекува да се направат големи чекори во тој процес.

Официјално, претседавањето ќе почне на 3 јули, со повеќе манифестации во Луксембург, каде за време на викендот ќе се одржат културни настани во кои ќе учествуваат претставници од сите 28 членки на ЕУ.

Од 1 јануари 2016 година, претседавањето со ЕУ ќе го преземе Холандија.