Спорт Луис Суарез подготвен за финалето „Копа дел Реј“

Луис Суарез подготвен за финалето „Копа дел Реј“

Луис Суарез закрепна од повредата на тетивата и подготвен го дочекува вечерашното финале од „Копа дел Реј“ против Атлетик Билбао.

Ова го потврди трнерот на Барселона, Луис Енрике.

– Суарез е добро. Тренира веќе цела недела и е подготвен како и секој друг играч од тимот – изјави Енрике на прес-конференцијата во пресрет на дуелот со Атлетик.

Уругвајскиот репрезентативец повредата ја заработи на реваншниот полуфинален меч од Лигата на шампионите против Баерн Минхен, по што нема настапено на ниту еден натпревар.

Финалето на „Камп ноу“ меѓу Барселона и Атлетик Билбао почнува во 21.30 часот.