Свет Европа „Луфтханза“ им понуди по 25.000 евра на семејствата на жртвите од падот...

„Луфтханза“ им понуди по 25.000 евра на семејствата на жртвите од падот на авионот

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ понудила по 25.000 евра обештетување на семејствата на секој патник што загина во падот на авионот на „Џерманвингс“, кој, според истрагата, намерно го срушил копилотот Андреас Лубиц.

– Не можам да замислам дека некои од семејствата тоа би го прифатиле – рекол адвокатот на 15 семејства, Кристоф Веленс, оценувајќи ја понудата како непримерна.

Во трагедијата што се случи на 24 март, загинаа 150 луѓе, вклучувајќи го и копилотот Андреас Лубиц, кој ја предизвика несреќата.