Македонија ЛП од Центар порача дека ќе води урбана наместо провинцијална политика

ЛП од Центар порача дека ќе води урбана наместо провинцијална политика

Либералната партија синоќа во Општина Центар имаше средба со граѓаните. На средбата присуствуваа носителот на листата во првата изборна единица, Ивон Величковски, како и кандидатите за пратеници Голубка Нечевска-Цветановска, Мето Јовановски, Љупчо Арсовски и Јасмина Димовска.

– Драго ми е што вечерва сме собрани тука на теми што нè интересираат сите, што нè мачат сите, затоа што заедно доаѓаме до решение што ќе ни помогне на сите. Кога сме во Центар, треба да се сетиме и на сето она што се случуваше на локалните избори, на сето она што му се случува на центарот на градот и со нашиот град. Не случајно во Центар ја истакнувам нашата определба дека ќе водиме урбана, наместо провинцијална политика. По оваа одредба се водиме и сега, а ќе се водиме и на локалните избори – рече Величковски.

Тој порача дека овие избори се избори со кои треба да се консолидираат Македонија и институциите, затоа што, како што посочи, нема нема никаков прогрес без организирана држава, стабилни институции и без добра економија.