Хроника Ловечки пушки и 1.000 парчиња муниција украдени од куќа во скопско Долно...

Ловечки пушки и 1.000 парчиња муниција украдени од куќа во скопско Долно Коњари

Непознат сторител од куќа во скопското село Долно Коњари, сопственост на Љ.Х. (52), украл неколку ловечки пушки и околу 1.000 парчиња муниција за нив, информираат од МВР.

Кражбата се случила меѓу 15 и 19 јануари, а сторителот, според полицијата, одзел ловечки карабин со оптички нишан, малокалибарска пушка со калибар 22 милиметри, ловечка пушка со калибар 20 милиметри и околу 1.000 парчиња миниција за нив.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.