Свет Европа Ломбардија и Венето на референдуми ќе одлучуваат за поширока автономија

Ломбардија и Венето на референдуми ќе одлучуваат за поширока автономија

Во двата најбогати региони во Италија, Ломбардија и Венето, утре ќе се одржат референдуми на кои граѓаните ќе гласаат за нивна поширока автономија, пишуваат италијанските медиуми.

Иако политичарите од Ломбардија и од Венето и претходно се залагаа за независност од Рим, лидерите на овие два соседни региони на северот на Италија јасно истакнале дека референдумите се однесуваат на автономија, а не на отцепување од Италија.

Одржувањето на референдумите го предложи партијата Северна лига, која е на власт во Ломбардија и во Венето, а речиси сите други партии го поддржале предлогот.

На референдумите во двата региони право на глас имаат 11 милиони граѓани, од вкупно 60 милиони колку што брои Италија.