Македонија Локалните младински совети да се опремат со најдобрите европски практики и да...

Локалните младински совети да се опремат со најдобрите европски практики и да се вклучат во донесувањето одлуки

Фото Europe House

Во просториите на Europe House Битола започна серија дискусии со локалните младински совети (ЛМС) за ппремување со најдобрите европски практики и нивно вклучување во процесот на донесување одлуки. Слични иницијативи во иднина ќе се одржат и во други општини, како Шуто Оризари, Градско, Валандово, Охрид, Куманово итн., сè со цел да се подобри поддршката на ЕУ за локалните младински совети низ целата држава, поставувајќи основа за приклучување и отворајќи го патот за гарантирани тринасочни канали за комуникација помеѓу младите, локалните младински совети и општините.

На настанот учествуваа истакнати амбасадори, младински претставници и претставници од локалната јавност, а аискусијата се фокусираше во улогата на локалните младински совети како советодавни тела на советите на општините, на подобрување на функционирањето преку отворени дискусии и влијанието на ЛМС и нивното вклучување во процесот на донесување одлуки.

Иницијативата ја нагласува критичната важност на гласот на младите во процесите на донесување одлуки што влијаат на нивните животи. Ги каниме сите млади, преку локалните младински совети, да дадат свој придонес, затоа што ова е одлична можност за да се учествува директно во креирањето на младинските политики преку активно вклучување во процесот.