Македонија Локализирани пожарите во Зајас и во Македонски Брод

Локализирани пожарите во Зајас и во Македонски Брод

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека пожарите во општина Зајас и во Македонски Брод се локализирани.

Локализиран е пожарот меѓу селата Зајас и Горно Строгомиште, каде што беа опожарени два хектара борова шума. Во гаснењето ангажирани биле 40 лица од Дирекција за заштита и спасување, Територијалната противпожарна бригада, АРМ, „Македонски шуми“ и доброволци.

Локализиран е и пожарот кај местото наречено Баба во атарот на селото Слатина во Македонски Брод, каде што беше опожарена површина со сува трева и нискостеблеста шума. На терен се ангажирани пет лица од „Македонски шуми“. Локализиран е и пожарот кај местото наречено Видуш во атарот на селото Девич и Локвица.

„Дирекцијата за заштита и спасување е во состојба на зголемена будност. Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на земјата и се подготвени во секој момент, доколку има потреба, да ангажираат тимови за брз одговор за гаснење пожари на отворен простор на територијата на Република Македонија“, се наведува во соопштението.