Свет Европа Литванија подигнува ограда на границата со Русија

Литванија подигнува ограда на границата со Русија

Литванија почна да гради ограда на границата со руската енклава во Калининград во обид да спречи криумчарење и илегална имиграција, како и да ги зајакне надворешните граници на ЕУ.

На церемонијалниот почеток на изградбата присуствуваше и министерот за внатрешни работи на Литванија, Елмутис Мисиунас.

Проектот подразбира и електронски системи за надзор и дронови. Се предвидува дека вкупните трошоци ќе изнесуваат 3,6 милиони евра и дека оградата ќе биде завршена до крајот на годинава.

Како што е соопштено, оградата со висина од два метри ќе се протега низ двата литвански округа, до реката Њемен, која претставува природна граница на земјата и Калининград.