Македонија Лилјана Поповска замина, прв човек на ДОМ е Маја Морачанин

Лилјана Поповска замина, прв човек на ДОМ е Маја Морачанин

Прв човек на партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) од вчера е пратеничката Маја Морачанин, која на тоа место ја наследи својата парламентарна колешка Лилјана Поповска.

Под мотото „Зелени вредности – трајна визија“, на 4-от конгрес на ДОМ се собраа околу триста делегати, кои избраа нов Централен и Надзорен одбор на ДОМ. Потоа за претседателка на ДОМ едногласно беше избрана пратеничката Маја Морачанин.

На Конгресот се обрати и досегашната претседателка Лилјана Поповска, која го искажа задоволството што ДОМ е денеска, по 12 и пол години работа е стабилна партија.