Македонија Лидерска средба закажана за вторник

Лидерска средба закажана за вторник

За вторник е закажана лидерска средба, на која лидерите на четирите политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, ќе одлучуваат за тројцата експерти за Државната изборна комисија и за медиумите.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, очекува наредната недела да се постигне договор за двете отворени прашања во политичкиот дијалог.

Доколку лидерската средба заврши со договор, Заев верува дека веќе по Нова година, може да се очекува поотворена и побалансирана медиумска клима.