Главна секција Лидерите се договорија за експертите во ДИК

Лидерите се договорија за експертите во ДИК

Заврши лидерската средба во Клубот на пратеници, на која лидерите на четирите политички партии, потписници на Договорот од Пржино, разговараа за изборот на експерти во Државната изборна комисија и за медиумските реформи.

Како што дознава „Мета“, лидерите, наводно, постигнале договор за ДИК и се очекува писмено соопштение. Неофицијално дознаваме дека партиите се согласиле за експертите Атанас Урумов, Александар Чичаковски и Реџеп Прекопуца.

Во врска со делот за медиумите, според извори од преговарачките тимови, разговорите ќе продолжат во наредните денови.

На лидерската средба, на која присуствуваа американскиот амбасадор Џес Бејли, евроамбасадорот Аиво Орав и белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, тимот на СДСМ го претставуваа Зоран Заев и Радмила Шекеринска, додека ВМРО-ДПМНЕ, лидерот Никола Груевски и министерот за здравство, Никола Тодоров. Албанските ставови ги застапуваа лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.