Главна секција Лидерите се договорија да продолжат со преговори

Лидерите се договорија да продолжат со преговори

Лидерите на главните политички партии се состанаа денеска во Клубот на пратеници за да ги продолжат дискусиите за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите, како што е предвидено во шестата точка од договорот од 2 јуни, се вели во партиските соопштенија на СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

– Во овој контекст, лидерите се договорија да се состанат повторно во деновите што следуваат. Премиерот Никола Груевски, го претстави владиниот нацрт-план за примена на препораките што се однесуваат на системски реформи во областа на владеење на правото што е потребно да се спроведат во согласност со точката 6 од договорот од 2 јуни – се додава во заедничкото соопштение на СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.