Свет Либија: Именувана влада на национално единство

Либија: Именувана влада на национално единство

Претставникот на Обединетите нации за Либија, Бернардино Леон, изјави дека е формирана влада на национално единство, по долготрајните и тешки преговори кои ставија крај на повеќемесечното двовластие во таа земја.

Во Либија постојат две влади, една во Триполи, која ја поддржуваат поранешните бунтовници, и друга, меѓународно признаена, во Торбрук, на истокот на земјата.

Леон рече дека е одлучен составот на националната влада на единство, која претставува чекор кон закрепнување на земјата, а претседател на новата влада ќе биде Фајез Сарај, член на државната влада од Триполи.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, и еврокомесарката за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, го поздравија именувањето на новата влада.