Свет Либан: Девет загинати во самоубистевн напад во кафуле

Либан: Девет загинати во самоубистевн напад во кафуле

Девет лица загинаа, а 37 се повредени откако двајца бомбаши-самоубици се разнесоа во кафуле во либанскиот град Триполи.

Како што јавуваат локалните медиуми, прво се разнел едниот бомбаш-самоубиец, а кога гостите почнале да бегаат, вториот се разнел на излезот на кафулето.

Групата Џебхат ал Нусра, разгранок на терористичката мрежа Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот.