Македонија Левица: Сите министри да го следат примерот на Ставрески

Левица: Сите министри да го следат примерот на Ставрески

Партијата Левица на денешната прес-конференција побара од другите министри да го следат примерот на Зоран Ставрески и да си поднесат оставки, со што ќе создадат пат за преодна експертска влада која ќе создаде услови за фер и демократски избори.

– Благодарност до сите граѓани што ни дадоа поддршка за време на куќниот притвор. Нè чека уште судење на 5 јуни и ни се заканува казна затвор. Сакам да му изразиме благодарност и на Зоран Ставрески што ни го разубави денот и си поднесе оставка штом излеговме од куќен притвор. Како Левица, бараме неговиот пример да го следат и другите министри и да создадат пат за преодна експертска влада, која ќе создаде услови за фер и демократски избори. Бараме да се спроведат сите услови за фер избори, вклучително и повторно отворање на Изборниот законик, бидејќи таму промените што настанаа минатата година беа половични – вели Здравко Савески од Левица.

Савески додаде дека летото нема да ги спречи граѓаните да протестираат и дека деновите на власта ѝ се изброени.