Македонија Левица – нова политичка партија во Македонија

Левица – нова политичка партија во Македонија

На политичката сцена во Македонија ќе се формира нова партија, Левица, зад која стојат членови на левичарските движења „Ленка“ и „Солидарност“, Комунистичката партија на Македонија и од поединци левичари. Партијата ќе се залага за работнички права и за социјална правда, за демократизација на сите сфери на живеењето и ќе се бори против меѓуетничките бариери и национализмот.

– Во ситуација на хронична сиромаштија и на огромни класни разлики, во ситуација на квазидемократија, кога народот е незадоволен од постојните партии и кога се појавуваат само нови партии од стари политичари, го објавуваме формирањето на Левица, нова партија, со нови лица и со нови идеи. Нема да дозволиме и на овие избори работниците, сиромашните и обесправените да немаат опција за која ќе гласаат. Богатите имаат десет и повеќе партии, сиромашните и обесправените немаат ниту една. Не мислиме да ги оставиме улиците, нема да престанеме да протестираме против неправдите, но не им го оставаме ни парламентот. Крајно време е во него да се слушне гласот на народот. За крај, ќе ги поздравиме сите сиромашни и обесправени во нашата земја со поздравот на Кочо Рацин: „Ќе победиме“ – велат од новата политичка партија Левица.