Свет Европа Летонија од денеска на чело на ЕУ

Летонија од денеска на чело на ЕУ

Летонија од денеска го презема шестмесечното претседателство со Европска Унија и нејзини приоритети, како што најави, ќе бидат конкуретноста и економскиот пораст, користењето на европскиот дигитален потелнцијал за развој на Унијата и зајакнување на улогата на ЕУ во светски рамки.

„Во првата половина на 2015 година, Летонија станува земја-претседавач на ЕУ, првпат во својата историја. Тоа е голема чест, која нуди големи можности, но истовремено претставува и голема одговорност и предизвик за Летонија и за нејзините граѓани“, се наведува на страницата на литванското претседателство.

За време на претседавањето со Унијата, во Летонија ќе се одржат околу 200 настани, меѓу нив и политички средби на високо ниво. Едно од главните случувања ќе биде 4. Самит на Источното партнерство во Рига во мај оваа година и средби поврзани со него, а ќе се одржат и 10 неформални средби на европските министри, собир на министрите за образование и форумот на Азија и на Европа.