Спорт Лекиќ: Добро сум, ќе играм против Србија

Лекиќ: Добро сум, ќе играм против Србија

Андреа Лекиќ, ракометарка на ЖРК Вардар

Андреа Лекиќ, ракомтарка на ЖРК Вардар, се чувствува добро по синоќешната повреда што ја доби на дуелот со Будуќност. Таа вели дека ќе биде подготвена за настапот на Србија на Европското првенство на почетокот од следниот месец.

Лекиќ, преку својот официјален профил на „Твитер“, денеска се заблагодари на поддршката најавуваќи дека се враќа за неколку седмици…

„Ви благодарам на сите за поддршката. Ќе бидам добро во следните неколку седмици“, напиша Лекиќ.

Српската репрезентативка, доби повреда на скочниот зглоб.