Подглавна секција Лекарка пронајдена мртва со исеченици на рацете и на вратот

Лекарка пронајдена мртва со исеченици на рацете и на вратот

Во СВР Скопје, вчера во 21 часот било пријавено дека во нејзиниот дом, на улицата Елисие Поповски во Скопје, била пронајдена мртва Ј.С.М. Полицијата извршила увид, при што било констатирано дека покојната има рани од нож на рацете и на вратот, а лекар од брза помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, соопштија од СВР Скопје за „Мета“.

Според некои пишувања во македонските медиуми, станува збор за лекарка на Клиниката за нефрологија при Клинички центар и професорка на Медицинскиот факултет.