Свет Свет Лекар од Брегот на Слоновата Коска почина од ебола

Лекар од Брегот на Слоновата Коска почина од ебола

Лекари во заштитни одела

Властите на Брегот на Слоновата Коска денеска соопштија дека лекарот Џорџ Годфри починал од ебола, така што тој е четврта жртва на болеста меѓу лекарите во Западна Африка.

Починатиот бил надзорник во државната болница на северот на земјата.

Странските држави, вклучувајќи ја и Кина, кои испратија свои лекари и медицински персонал за да им помогнат на заболените од ебола во Западна Африка, по враќањето во земјата ќе минат три недели во карантин, каде ќе подлежат на серија тестови.