Култура Легендарната хрватска група „Магазин“ в сабота со концерт во Скопје

Легендарната хрватска група „Магазин“ в сабота со концерт во Скопје

Хитовите кои се популарни кај многу генерации како „Пут путујем” , „Ти си жеља мог живота“, „Око моје сањиво”, „Све би ме цурице љубиле”, „Балканска улица”, „Истамбул”, „Зна срце, зна”, „Све би секе љубиле морнаре”, „Боли ме”, „Бесане ночи” се само дел од хитовите кои ќе можат да се чујат на концертот

В сабота, на 13 април, легендарната хравтска група “Магазин“ ќе гостува во ноќниот клуб PURE, со почеток од 21 часот. Групата која се смета за една од најуспешните и највлијателните на сцената на балканската музика ќе ги изведе своите најголеми хитови пред фановите во Скопје.

Хитовите кои се популарни кај многу генерации како „Пут путујем” , „Ти си жеља мог живота“, „Око моје сањиво”, „Све би ме цурице љубиле”, „Балканска улица”, „Истамбул”, „Зна срце, зна”, „Све би секе љубиле морнаре”, „Боли ме”, „Бесане ночи” се само дел од хитовите кои ќе можат да се чујат на концертот.

Билетите за овој настан се продаваат по цена од 1.000,00 денари преку продажната мрежа на www.ticketx.mk, а резервации може да се направат на телефонскиот број 071 649 683. Организаторите на настанот најавуваат незаборавна ноќ, исполнета со добра музика и многу забава.

„Фановите на „Магазин“ во Скопје можат да се подготват за незаборавна вечер, полна со одлична музика и уникатен настап на една од највлијателните групи на Балканот“, велат организаторите.