Свет Европа Ле Пен: Франција треба да излезе од ЕУ и од НАТО

Ле Пен: Франција треба да излезе од ЕУ и од НАТО

Франција треба да излезе од Европската Унија и од НАТО, изјави претседателката на француската партија Национален фронт, Марин ле Пен.

– НАТО е создадена кога постоеја закани од Варшавскиот пакт и експанзија на комунистичкиот Советски сојуз. СССР веќе не постои, како што нема ни Варшавски пакт. Вашингтон го поддржува постоењето на НАТО за постигнување свои цели во Европа – истакна Ле Пен.

Претходно Ле Пен изјави дека во случај да победи на претседателските избори во Франција, ќе организира референдум за излегување на Франција од Европската Унија.