Македонија ЛДП: Зошто после 9 години владеење, МВР поднесува кривични пријави против „Макпетрол“...

ЛДП: Зошто после 9 години владеење, МВР поднесува кривични пријави против „Макпетрол“ и „Оилко“

Либерално демократската партија (ЛДП) реагира по кривична пријава на МВР поднесена против 21 лице, поради наводно незаконско прелевање на капитал од акционерското друштво „Макпетрол“ во Командитното друштво со акции „Оилко“.

-Зошто после 9 години владеење, МВР, дури сега, во пресрет на предвремените парламентарни избори, поднесува кривични пријави против „Макпетрол“ АД и фирмата „Оилко“ КДА, во чија сопственост е и телевизијата Телма?,- прашуваат од ЛДП.

Тие потсетуваат дека на ист начин се реализира акцијата за затворање на А1 телевизија, а забележлив беше и притисокот со закани за кривични пријави врз сопствениците на АД “Фершпед“, што резултираше со подоцнежната багателна продажба на телевизијата Алфа, која подоцна стана силен поддржувач на владините политики.

-Да не ја заборавиме и актуелната постапка за одземање на националната концесија на радио мрежата „Канал 77“.Повеќе од очигледна е нервозата на ВМРО-ДПМНЕ, во пресрет на претстојните предвремени парламентарни избори и нивниот обид да се замолкне секое критичко мислење од страна на медиумите и на јавноста,- се вели во нивното соопштение до јавноста.

ЛДП го повикува меѓународниот фактор будно да ги следи настаните во државата и да не дозволи договорот од Пржино да стане нова тоалетна хартија“, стои во денешното соопштение на ЛДП.“, се вели во соопштението на партијата.