Македонија ЛДП: Продолжуваат матните игри околу продажбата на поранешниот дом „Мирка Гинова“ во...

ЛДП: Продолжуваат матните игри околу продажбата на поранешниот дом „Мирка Гинова“ во Битола

Продолжуваат матните игри околу продажбата на поранешниот ученички дом „Мирка Гинова“ во Битола, се вели во соопштението на ЛДП.

– По неговата срамна продажба за мизерни 300.000 евра, советниците од ВМРО-ДПМНЕ донесоа одлука со која се продава и земјиштето под објектот и тоа не за цената што може да се постигне, туку за сума 100.000 евра помала од реалната – се вели во соопштението на ЛДП.

Во него се додава дека за истиот објект, Општина Битола го променила и урбанистичкиот план и наместо ученички дом, таму ќе никне станбена зграда.