Хроника Лажни инспектори одзеле 1.150 евра

Лажни инспектори одзеле 1.150 евра

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К. (25) и А.М. (26), поради постоење основи за сомневање дека лажно претставувајќи се, извршиле разбојништво.

На 31 јануари годинава, околу 4 часот, во Тетово, на улицата Иво Лола Рибар, пријавените лажно се претставиле дека се инспектори, по што извршиле разбојништво над Г.Ј. (30), одземајќи му 1.150 евра.