Свет Европа Лажна тревога за бомба во авион на „Рајанер“

Лажна тревога за бомба во авион на „Рајанер“

Авионската компанија „Рајанер“ соопшти дека анонимна личност пријавила дека во патничкиот авион, кој принудно слетал на аеродром кај Варшава, се наоѓа бомба, но подоцна се утрврдило дека таа пријава била лажна.

Портпаролката на полската полиција изјави дека авионот е пребаран и дека ништо не е најдено.

Полската полиција претходно објави дека на аеродромот во близина на Варшава принудно слетал патнички авион поради сомневање дека на леталото се наоѓа „експлозивна направа“.

Авионот летал од Осло за Варшава и слетал без никакви проблеми откако капетанот на авионот побарал дозвола за принудно слетување, наведе портпаролката на аеродромот, Магдалена Бојарска.