Дописници Лажна дојава за поставена бомба во автомобил во Струга

Лажна дојава за поставена бомба во автомобил во Струга

Полициската станица во Струга утрово во 9.30 часот добила пријава дека во автомобил, марка „нисан примера“, со бугарски национални ознаки била поставена експлозивна направа. По интервенцијата на полициските тимови за анти-тероризам било утврдено дека станува збор за лажна пријава.

– По добиената информација, полициски екипи ги презедоа сите безбедносни мерки за обезбедување на поширокиот простор каде беше паркирано патничкото возило, а потоа и преглед на истото – изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полициските тимови за анти-тероризам и службениците од полициската станица во Струга, извршиле детална проверка на возилото, паркирано на улицата „Ково Стефановски Риле“ и утврдиле дека во возилото нема експлозивна направа која може да предизвика општа опасност.