Дојави за бомби во 18 основни и средни училишта, проверките се во тек

-

Дојави за поставени бомби на електронските адреси денес добија 18 основни и средни скопски училишта. Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека според процедурите, основните и средните училишта веднаш се евакуирани и се чекаат антитерористичките единици да извршат проверки.

Вчера лажните дојави за бомби испразнија  12 средни училишта. Но, беа регистрирани лажни дојави за поставени бомби и во инстиутуции и деловни и станбени објекти во Скопје. Меѓу нив закана за поставена експлозивна направа пристигна на електронските адреси на адресите на Македонската радио телевизија, Транспортниот центар, ГТЦ, Џевахир Сити, трговските центри Ист Гејт и Сити мол.

Дојави за бомби испразнија 12 училишни згради, како и Транспортен центар, трговски центри и МРТВ

Испраќачите на дојави се активираа повторно по почетокот на второто полугодие. Завчера дојава за бомба беше испратена во 33 училишта во Скопје. Она што беше различно во споредба со заканите испраќани во првото полугодие, е тоа што е потпишано од извесна „Бугарска револуција“.

На крајот на мнатиот месец, претседателот на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ, изрази загриженост затоа што во првото полугодие вкупно 10 работни недели биле нарушени поради лажните дојави за поставени бомби, а повеќето училишта не ги надоместија пропуштените часови и не го поминаа материјалот.

Павиќевиќ: Дојавите за бомби нарушија дури 10 наставни недели од првото полугодие

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...