Спорт Лазаров е втор стрелец на Лигата на шампиони

Лазаров е втор стрелец на Лигата на шампиони

Лазаров постигна 45, а Илиќ 47 гола

Mакедонскиот репрезентативец и член на Барселона, Кирил Лазаров, остана на втората позиција на листата на стрелци во Лигата на шампиони, зад Момир Илиќ од Веспрем ,откако постигна девет гола на натпреварот со Флензбург.

Лазаров постигна 45, а Илиќ 47 гола.

Тимур Дибиров од Вардар има постигнато 39 гола и го дели петото место, додека од Металург најдобар стрелец е Филип Миркуловски со 27 погодоци.