Свет Лавров: САД одбија разговори за Сирија

Лавров: САД одбија разговори за Сирија

САД одбија да ја примат високата руска делегација за разговори со Сирија, како и да испрати свој претставник во Москва, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

– Буквално денеска добивме одговор. Речено ни е дека не можат да испратат делегација во Москва и не можат да примат делегација во Вашингтон – рече Лавров во рускиот парламент.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека руската делегација би можела да биде составена од претставници на ниво заменик- командант на генералштабот и членови на безбедносните служби.

Лавров рече дека Русија внимателно мора да ја следи ситуацијата во Ирак и во Авганистан, но досега само Сирија побарала помош.