Свет Европа Лавров: Јагланд да ја посети Македонија

Лавров: Јагланд да ја посети Македонија

Поради зголемената тензичност во Македонија, Русија предложила во регионот да биде испратен генералниот секретар на Советот на Европа, Торборн Јагланд, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

– Имајќи го предвид порастот на тензиите во Македонија, руската страна предложи испраќање на генералниот секретар на Советот на Европа во регионот – се наведува во соопштението на руското МНР, по учеството на Сергеј Лавров на состанокот на Комитетот на министри на СЕ во Брисел.

Во соопштението пишува дека Лавров, во рамки на своето учество на состанокот, имал работен состанок со генералниот секретар на Советот на Европа.