Економија Лагард: Економскиот пораст следната година ќе биде разочарувачки

Лагард: Економскиот пораст следната година ќе биде разочарувачки

Глобалниот економски пораст следната година ќе биде разочарувачки, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагарад.

– Во многу земји, финансискиот сектор и понатаму е слаб, а на пазарите во развој се зголемуваат финансиските ризици. Сето тоа значи дека глобалниот пораст ќе биде разочарувачки и нерамномерен во 2016 година – напиша Лагард во текст за германскиот весник „Ханделсблат“.

Таа додаде дека ниската продуктивност, стареењето на населението и ефектите од глобалната финансиска криза, го кочат економскиот напредок.

Лагард истакна дека тие фактори ги ослабеле среднорочните прогнози за глобален економски пораст.