Свет Европа Курц: Да се затвори и бегалската рута преку Италија

Курц: Да се затвори и бегалската рута преку Италија

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц изјави дека рутата која води преку Италија и кон централна Европа исто така треба да биде блокирана за мигрантите.

Оваа изјава доаѓа по одлуката Австрија да го запре приемот на бегалци, што предизвика затварање на балканската рута.

Курц рече дека криумчарењето на мигрантите не може целосно да се спречи.

Тој додаде дека времето на одобрување на преминот на бегалците во централна Европа е завршено, без разлика на тоа која рута е во прашање.

Австрија претходно соопшти дека ќе ги пропушта само мигрантите со важечки шенгенски документи. После таквата одлука, заострени правила за прием на бегалци почнаа да се применуваат и во Словенија, Хрватска, Србија и Македонија.