Свет Балкан Курдски бунтовници убиле тројца турски полицајци

Курдски бунтовници убиле тројца турски полицајци

Три турски полицајци загинаа во напад на полициско возило на југоистокот на земјата, во близина на границата со Ирак, од курдските бунтовници, соопштија безбедносните извори.

Југоистокот на Турција честопати е место на судири меѓу владините сили и на бунтовниците. Во обновените судири, по двогодишниот прекин на огнот меѓу државните сили и Работничката партија на Курдистан (ПКК), кои почнаа во јули, загинаа стотина лица.

Во два вчерашни инциденти, еден турски војник загина, а 20 се ранети. Пред осум дена, кога почнаа судирите во градот Силван, во покраината Дијарбакир, воведен е полициски час. Шест лица загинаа во судирите.