Хроника Кумановското обвинителство поведе истрага против лицето што уби тинејџер на свадба

Кумановското обвинителство поведе истрага против лицето што уби тинејџер на свадба

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лицето кое застрела гостин на свадба завчера во кумановското село Липково.

Според соопштението, осомничениот на 25 јули во 22.45 минути, додека присуствувал на свадбена веселба, извадил од појас пиштол марка „смит и весон“ и со умисла истрелал еден куршум со кој го погодил сега починатиот 19-годишник Б.Х., државјанин на Република Германија.

Почната е истражна постапка против осомничениот, и тоа за убиство и за новластено  изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачи материи.

Основен суд Куманово, по предлогот од јавниот обвинител, на осомничениот му изрекол притвор од 30 дена.