Хроника Кумановец осомничен за нелегално поседување оружје

Кумановец осомничен за нелегално поседување оружје

Кумановската полиција поднела пријава против М.М. (28), кој се товари за недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

Како што информираат од полицијата, нивна екипа на почетокот на април годинава, извршила претрес во домот на осомничениот и пронашла 20 куршуми од различен калибар и еден стартен пиштол, кој М.М. го поседувал со потврда издадена од СВР Куманово.