Дописници Ќулавкова, Ташковски и Димоски застапени во романското списание „ХЕЛИС“

Ќулавкова, Ташковски и Димоски застапени во романското списание „ХЕЛИС“

Романското списание „ХЕЛИС“, во најновиот број за јули-август 2015, во специјален прилог на главениот уредник, познатиот романски писател Георге Добре ги објавува насловните страници на ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга и списанието за книжевност, култура и уметност „Раст“ од Битола.

Во истиот број, со биографска белешка и избор од поетското творештво претставени се македонските поети Катица Ќулавкова, Братислав Ташковски и Славе Ѓорго Димоски.

Преводот, односно препевот од македонски на романски јазик е на Димо Димчев и Георги Добре.