Хроника Куфери со облека и лаптоп украдени од автомобил на српски државјанин

Куфери со облека и лаптоп украдени од автомобил на српски државјанин

Меѓу вторникот и средата неделава, непознат сторител извршил тешка кражба во автомобил со српски национални ознаки, кој било паркиран на улицата Филип Втори Македонски во Скопје.

Според полициските информации, од автомобилот, марка „шкода октавија“, биле украдени три куфери во кои имало облека и лаптоп, во вкупна вредност од 225.000 денари.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на крадецот.