Хроника Куферче со пари украдено од стан на скопјанец

Куферче со пари украдено од стан на скопјанец

Непознат сторител викендов провалил во стан на 68-годишен скопјанец и украл куферче, во кое имало поголема сума пари и лични документи.

Како што информираат од полицијата, кражбата се случила во периодот меѓу петокот и неделата, во стан на улицата Кумровец. Крадецот со погоден алат и со употреба на физичка сила, провалил во станот и го одзел куферчето во кое, според полициските информации, имало околу 400.000 денари или околу 6.500 евра.