Македонија Кучето што искаса десетина лица фатено и однесено во „Вардариште“

Кучето што искаса десетина лица фатено и однесено во „Вардариште“

Откако вчера куче ротвајлер искасало девет лица на булеварот „АСНОМ“, нападнало и мајка и дете на улицата „Перо Наков“ по што било заловено од шинтерската служба и пренесено во стационарот „Вардариште“.

Како што соопшти МВР, последниот случај го пријавил таткото и сопруг на нападнатите, по што полициската станица Гази Баба побарала шинтерската служба да го пронајде животното. Тоа се случило по неколку часа.

Детето било укасано на левата рака, а неговата мајка на левата нога.