Свет Европа Кучето Патрон што пронајде повеќе од 200 мини доби медал од претседателот...

Кучето Патрон што пронајде повеќе од 200 мини доби медал од претседателот Зеленски [галерија]

Фото: Официјална веб страна на украинскиот претседател

Кучето Патрон, трагач на мини, кој откри повеќе од 200 вакви експлозиви по почетокот на војната во Украина, доби орден за неговата служба за земјата.

На 2 и пол годишниот Џек Расел териер одликувањето му го врачи лично украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на церемонија во Киев, пренсе Би-би-си.

„Денеска сакам да ги наградам оние украински херои кои веќе ја чистат нашата земја од мини. И заедно со нашите херои е и прекрасниот мал миночистач – Патрон. Тој не само што ни помага во неутрализирање на експлозивите, туку и ги учи нашите деца за неопходните безбедносни правила во местата каде постојат закани од мини“, рече Зеленски во изјава по церемонијата.

Кучето, чие име значи муниција на украински, ги наоѓаше руските мини и експлозиви во североисточниот град Чернив и служи како маскота за државните итни служби. Патрон стана своевиден национален симбол на украинскиот отпор против Русија и редовно се појавува во видеоспотовите на украинските социјални медиуми.

На конференцијата присуствуваше и канадскиот премиер Џастин Трудо, кој беше во посета на земјата во неделата, најавувајќи дека Канада ќе испрати повеќе оружје и опрема во Украина.