Свет Европа Кученко: Нема докази за вмешаност на Порошенко во аферата „Панама пејперс“

Кученко: Нема докази за вмешаност на Порошенко во аферата „Панама пејперс“

Главниот украински обвинител, Владислав Кученко, денеска изјави дека нема докази дека претседателот Петро Порошенко е вмшен во каква било незаконска работа, во врска со протекувањето на милиони документи кои разоткриваат дека светските богаташи, државници, функционери на ФИФА и 140 истакнати политичари криеле пари во даночните оази.

Исландскиот премиер, пак, Сигмундур Давид Гунлаугсон, денеска одби да поднесе оставка и покрај прозивките да го стори тоа, откако се појавија информации дека тој и неговата сопруга се дел од аферата „Панама пејперс“, односно дека користеле офшор-компании за да ги сокријат инвестициите од еден милион долари и притоа затаиле данок.

– Оставката не ја разгледував ниту, пак, имам намера да поднесам оставка поради ова – изјави Гунлаугсон.

Денеска почна истрага по повод протекувањето на милиони документи кои разоткриваат дека бројни светски богаташи, политичари и други јавни личности криеле пари во даночните оази преку адвокатската фирма „Мосак Фонсека“.